Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран на југот на Италија, соопшти денеска Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот бил на длабочина од 31 километар, а оддалечен 28 километри од градот Катанија, на Сицилија, кој има околу 290.000 жители.
Жителите на Катанија изјавија дека земјотресот траел неколку секунди.