Земјотрес со јачина од 5,7 степени во Иран, повредени се најмалку 276 лица

Од:

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северозападниот дел на Иран, а државната телевизија и медицинските власти во областа соопштија дека најмалку 276 лица се повредени.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хови во провинцијата Западен Азербејџан. Итната медицинска помош во Хови соопшти дека „досега се повредени 276 лица, од кои 68 се хоспитализирани поради помали скршеници.“

Земјотресот се случил на околу 12 километри од Хови на длабочина од 10 километри, објави Геолошкиот институт на САД.

Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ) претходно објави дека земјотресот со јачина од 5,5 степени според Рихтер се случил во близина на ерменско-азербејџанско-иранската граница.

Би можело да ве интересира

Извештај на ОН: Иран е одговорен за насилството што доведе до смрт на Махса Амини

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Иран

Горан Наумовски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Иран ги осуди последните напади на САД и Велика Британија врз Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Раиси: Иран ќе продолжи мирно да ја развива својата нуклеарна програма

Горан Наумовски