Земјотрес со јачина од 4,2 степени предизвика паника во Либан

Од:

Земјотрес со јачина од 4,2 степени вечерва предизвика паника во источните и северните делови на Либан, при што жителите во некои области ги напуштија своите домови и истрчаа на улиците.

Либанскиот Национален центар за геофизика соопшти дека земјотресот се случил во 20:58 часот по локално време на околу пет километри од градот Хермел, недалеку од сириската граница.

Засега нема информации за штети или евентуални жртви.

Како што пренесе ДПА, потресот го почувствувале и жителите на главниот град Бејрут, а луѓето истрчале од своите куќи и во пристанишниот град Триполи.

Би можело да ве интересира

Либан: Две лица загинаа во конфликтот меѓу Хезболах и христијаните од градот Кахале

Инцидент во бегалски камп, едно лице загина, а шест се ранети

Главниот обвинител на Либан нареди ослободување на притворените во истрагата за експлозијата во пристаништето во Бејрут

Ана Ололовска

Либанскиот државен обвинител обвинет во случајот со експлозијата во пристаништето во Бејрут

А1он

Либанскиот Парламент повторно не успеа да избере Претседател на Републиката

А1он

Парламентот по шести пат не успеа да избере претседател на Либан

А1он