ВИДЕО: Снимен моментот кога земјотрес од 7 степени по Рихтер ја погоди Јапонија

Од:

Силен земјотрес ја погоди Јапонија денеска, со интензитет од 7,0 степени, а потоа беше издадено предупредуање за можно цунами на североисточниот брег на државата.

Геолошкиот институт на САД (USGS) прво ја процени јачината на земјотресот на 7,2 степени, но подоцна ја ревидираше на 7,0 степени.

Засега нема извештаи за штети во земјотресот што се почувствува во главниот град Токио.

Земјотресот се случи нешто по 18.10 часот по локално време (10.10 часот по средноевропско време).

Епицентарот на земјотресот бил на 27 километри источно од Ишиномаки на длабочина од 60 километри. Тоа е крај брегот на префектурата Мијаги, на североисток, која беше сериозно оштетена во големиот земјотрес и цунамито од 2011 година.

Според јапонската Агенција за метеорологија, земјотресот предизвикал бранови високи околу еден метар.

Досега не е пријавена штета во префектурата Мијаги, а електричните компании ја проценуваат состојбата на нуклеарните централи во таа област, пренесуваат јапонските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија