Земјотрес го погоди Гренланд, четири лица се водат како исчезнати

Од:

Четири лица се водат како исчезнати по земјотресот што го погоди Гренланд и предизвика цунами. Земјотресот бил со интензитет од четири степени според Рихтеровата скала, соопштија локалните власти.

– Исчезнатите се наоѓале во една од 11-те згради на островчето Нугатсиак, што синоќа беа погодени од големите бранови, изјави началникот на гренландската полиција Бјорн Тегнер Бај.

Тој додаде дека се уште не може да потврди дали има жртви.

Седум лица се повредени, од кои двајца се во критична состојба.

Епицентарот на земјотресот бил на 30 километри северно од Нугатсиак, каде живеат стотина лица.

Гренландската полиција евакуирала 78 лица и се обидува да ги пронајде останатите.

Би можело да ве интересира

Натпревар на суперсили во Гренланд – Минералното богатство го направи островот геополитичко бојно поле

Данска се извини за „нехуман“ експеримент врз деца од Гренланд

А1он

Покривката на Гренланд загуби 4.700 милијарди тони мраз

Ана Ололовска

Првпат заврна дожд на Гренланд на надморска височина од 2.600 метри

Ана Ололовска

Гренланд ги забрани нафтените истражувања

Ана Ололовска

Блинкен потврди дека САД не сакаат да го купат Гренланд

Ана Ололовска