Претставниците на земјите од двата американски континенти, меѓу кои САД и Канада постигнаа договор за заеднички акција во борбата со епидемијата на ебола.
Учесниците на дводневната средба во Хавана се договорија да утврдат процедури за создавање на епидемиолошки центри за набљудување и за координиран трансфер на биолошките примероци.
Околу 200 епидемиолози и претставници на здравствените власти од 24 земји учествуваа на состанокот на Куба. Средбата беше организирана на апел на Болииска алтернатива за Америките (АЛБА), група создадена од Венецуела и Куба, која ги обединува левичарските јужноамерикански држави.