Земјите од Европската унија ќе обучуваат вкупно 30.000 украински војници

Од:

Земјите членки на ЕУ ќе обучуваат дополнителни 15.000 украински војници, така што вкупниот број војници кои ќе поминат обука се зголеми на 30.000, соопштија извори од ЕУ, пренесува ДПА. Постоечката мисија за обука започна во ноември има за цел да обезбеди индивидуална, колективна и специјализирана обука за вооружените сили на Украина, се вели во соопштението.

Мисијата има за цел да и помогне на украинската армија да ја одбрани својата територија и да го заштити цивилното население, а беше започната како одговор на украинското барање по руската инвазија.

Зголемувањето на бројот на обучени војници се очекува официјално да го објават претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за време на средбата со украинските лидери подоцна оваа недела.

Самитот ЕУ-Украина ќе се одржи в петок.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите објавија дека со ракета Москит погодиле цел на оддалеченост од 100 километри

Експлозии одекнуваат во Киев

(ВИДЕО) Орландо Блум се сретна со Зеленски: Твојот пораз ќе биде пораз на надежта, затоа мора да победиш

ВИДЕО: Објавена снимка од мистериозен црн круг на небото над Москва

Предраг Петровиќ

Објавен наводен разговор меѓу руски милјардер и продуцент: Путин е сатана

Украински генерал: Одбраната на Бахмут е воена потреба

Ана Ололовска