Земјите од ЕУ се договорија, петте најзагрозени членки ќе добијат повеќе вакцини

Од:

Повеќе земји-членки на ЕУ синоќа се согласија да споделат дел од претстојните испораки на вакцини со пет земји од ЕУ кои најавија дека им се најпотребни.

Вакцините во ЕУ обично се дистрибуираат меѓу 27 земји од блокот врз основа на бројноста на населението.

По неколкудневни преговори, амбасадорите на ЕУ се согласија да го променат системот за 10 милиони дози на Фајзер/Бионтек, кои ќе биде испорачани во вториот квартал од годинава, така што земјите кои имаат најголема потреба да добијат повеќе.

Од тие десет милиони дози, 2,85 милиони таканаречени „солидарни вакцини“ ги делат пет земји, се наведува во соопштението од Португалија, која претседава со состаноците на амбасадорите на ЕУ.

Тие земји се Бугарија, Хрватска, Естонија, Летонија и Словачка.

Хрватска ќе добие дополнителни 747.000 дози вакцини против коронавирус на Фајзер до почетокот на летото, објави Владата на таа држава.

Три земји – Австрија, Чешка и Словенија – го оставија својот дел од испораките непроменет.

Државите кои се согласија да ги прераспределат своите вакцини се Белгија, Кипар, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Литванија, Луксембург, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Шпанија и Шведска.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески