Земјите на ЕУ се обидуваат да ги зајакнат границите за да го намалат миграцискиот притисок

Од:

Министрите за внатрешни работи на земјите од Европската унија, кои се најдоа под притисок на илегалната миграција, денеска побараа неколку акции за зајакнување и заштита на надворешните граници на блокот, јави Бета.

Министрите на Грција, Полска, Италија, Австрија и Франција, која во моментов претседава со ЕУ, учествуваа на конференција за гранична безбедност во Вилнус со еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон.

Тие рекоа дека зајакнувањето на границите на ЕУ и борбата против шверцерите со луѓе ќе ги заштити граѓаните на ЕУ и жи вотите на мигрантите и бегалците од Блискиот Исток и Африка кои се обидуваат да стигнат до Европа преку опасните патишта.

– Мораме да ги заштитиме нашите граници од агресија и мораме да го заштитиме нашиот народ, рече Јохансон.

Таа истакна дека пред сè, луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во нивните земји треба да бидат спречени да тргнат на пат, но и да се почитува правото на азил.

– Не треба да чекаме мигрантите да стигнат до нашите граници. Мораме да реагираме порано, рече еврокомесарот за внатрешни работи, нагласувајќи дека превентивните активности мора да ги почитуваат правата на поединците да бараат азил.

Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински повика на промени во законот за миграција на ЕУ.

Полска и балтичките држави Естонија, Летонија и Литванија се соочуваат со прилив на мигранти на нивните граници кои се обидуваат илегално да влезат во ЕУ од Белорусија.

ЕУ го обвини белорускиот претседател Александар Лукашенко дека ја организира кризата со тоа што ги охрабрува мигрантите да дојдат во земјата и потоа ги носи на границата на ЕУ како одмазда за санкциите на Брисел.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто