Земјите членки на ЕУ ќе мораат да воведат систем за пресметка на работното време

Од:

Европскиот суд за правда одлучи дека работодавците во земјите членки на ЕУ ќе бидат приморани да воведат систем со кој ќе се пресметува работното време на нивните вработени.

Одлуката на судот доаѓа по тужба на шпански синдикат против Дојче Банк во Шпанија. Од германската банка синдикалците бараа точно пресметка на ефективно сработеното време, за да може да се провери дека се почитуваат распоредите во компанијата и синдикатите да бидат месечно информирани за прекувремената работа на вработените.

Одбраната на Дојче Банк, пак, смета дека таква обврска не е предвидена во шпанското законодавство.

Шпанскиот централен суд побара од Европскиот суд за правда да се произнесе за усогласеноста на одредбите со правото на ЕУ.

Судот во Луксембург оцени дека од фундаментална важност е правото на секој работник да има ограничено максимално работно време и периоди за одмор дневно и неделно, како што предвидува повелбата на темелните права на ЕУ.

Понатаму, Судот смета дека не е можно на објективен и сигурен начин да се одреди бројот на сработени часови доколку за тоа нема ефикасен систем кој ќе овозможи нивно мерење и дека оваа ситуација ги става работниците во ситуација каде станува „невозможно да обезбедат почитување на нивните права“.

Со оглед на ова, Судот нагласува дека национално законодавство кое не предвидува обврска да се користи алатка за пресметување на сработеното време на објективен и сигурен начин не овозможува почитување на правото на ЕУ.

Поради ова, земјите членки мораат да им наметнат на работодавците обврска да воведат објективен, сигурен и достапен систем со кој ќе се мери работното време дневно за секој работник, стои во пресудата.

Секоја земја членка индивидуално ќе треба да дефинира најдобар начин за спроведување на овој систем, заклучи Судот.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески