Земјите-членки на ЕУ едногласно го одобрија трговскиот договор за Брегзит

Од:

Амбасадорите од 27-те земји-членки на ЕУ дадоа зелено светло за договорот со Велика Британија за трговските односи по Брегзит да стапи во сила на 1 јануари, изјави портпарол на ЕУ. Процедурата стапува во сила утре во 15 часот.

Ова привремено ќе овозможи безцаринската трговија со Велика Британија да продолжи по нејзиното напуштање на единствениот пазар на ЕУ на Нова Година. Но, договорот сепак треба да биде ратификуван од Европскиот парламент, веројатно кон крајот на февруари.

Долниот дом на Велика Британија ќе се состане за да гласа за договорот во среда.

Лидерот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер, ги повика пратениците да го поддржат договорот, и да се овозможи премиерот Борис Џонсон да ги добие потребните гласови за договорот да мине во Парламентот.

Би можело да ве интересира

Европскиот парламент го изгласа трговски договор помеѓу ЕУ и Велика Британија

По Брегзит, таткото на Борис Џонсон аплицира за француско државјанство

Состанок на амбасадорите на ЕУ за договорот со Лондон

Катерина Павлова-Николовска

САД и Кина на 15 август ќе се договараат за трговските врски

Жарко Настоски

Велика Британија сака пријателски односи со ЕУ по Брегзит

Трамп најави скорешни преговори за „втора фаза“ од трговскиот договор со Кина

Драган Поповски