Зеленски за крај на војната би разговарал само со Путин

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа преку видео врска до Светскиот економски форум потенцира дека Владимир Путин е единствениот руски функционер со кој е подготвен да се сретне со само една цел – да се стави крај на војната.

– Без него не се носат одлуки, а ние мора да бидеме јасно свесни за тоа… И ако зборуваме за конкретна одлука за завршување на војната, тогаш оваа одлука нема да биде донесена без него … И по она што го направи, знаете, немаме голема желба за овие средби, и не може да има голема желба да се сретнеме со посредници, така што, во принцип, не прифаќам никакви средби со никој од Руската Федерација освен со претседател на Руската Федерација. Има едно прашање на маса – ​​за завршување на војната. Тоа е тоа. Нема за што друго да се зборува, нагласи Зеленски.

Во своето обраќање, претседателот на Украина истакна дека договарањето за какви било преговори со Русија станува се потешко поради, како што рече, евидентните дејствија на руската армија против цивилите под окупација.

Зеленски, исто така, рече дека секој обид за насилно враќање на полуостровот Крим, што Русија го анектираше во 2014 година, ќе предизвика стотици илјади жртви.

Претходно Зеленски повика за повеќе оружје и „максимални“ санкции против Москва на Светскиот економски форум во Давос, вклучително и целосно суспендирање на трговијата со Русија, која ја нападна неговата земја пред три месеци.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски