Зеленски за хеликоптерската несреќа: Страшна трагедија, ова е темно утро

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша како „страшна трагедија“ и „темно утро“ хеликоптерската несреќа утринава во Бровари, во која загина целото раководство на украинското Министерство за внатрешни работи, предводено од министерот Денис Монастирски.

Во објава на својот канал Телеграм, Зеленски напиша: „Денеска се случи страшна трагедија во Бровари, Киевската област. Се урна хеликоптер за државна итна помош, а на местото на несреќата избувна пожар.

Се уште се утврдува точниот број на жртвите од оваа трагедија. Меѓу жртвите се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевхен Џенин, државниот секретар Јури Лубковчи, нивните помошници и екипажот на хеликоптерот. Повредени се 25 лица, меѓу кои и три деца. Според достапните податоци, три деца починале. Болката е неопислива. Хеликоптерот падна недалеку од градинката“, објави Зеленски.

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни