Зеленски: Воениот буџет на Украина за следната година е најмалку 38 милијарди евра

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека трошоците за одбрана и безбедност за следната година од буџетот на Украина ќе бидат „барем“ на истото ниво како оваа година, односно околу 38 милијарди евра.

Тој рече дека околу 2,7 милијарди евра ќе одат директно за производство на оружје, вклучувајќи ја и украинската „флота на беспилотни летала“, кои, според него, покажуваат „силни“ резултати, пишува Блумберг.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претходно денеска изјави дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно и повтори дека ЕУ во следните четири години ќе понуди 50 милијарди евра за финансирање инвестиции и реформи.

Би можело да ве интересира

Шојгу откри колку долго ќе трае војната

Бугарите обвинети за шпионажа во корист на Русија изведени пред британскиот суд

Овации во канадскиот парламент за Украинецот кој се борел на страната на нацистите, премиерот Трудо вели дека целата земја е засрамена

Предраг Петровиќ

Командантот на руската Црноморска флота се појави денеска, еден ден откако Киев објави дека е убиен

(ВИДЕО) Украинците објавија видео: Погодивме руското командно место

Украина: Русија загуби 276.670 војници во Украина од почетокот на војната