Зеленски: Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена

Од:

Украина разбира дека вратата за членство во НАТО не е отворена и затоа предлага да се брани на друг начин доколку и се дадат безбедносни гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украина не е членка на НАТО. Ние го разбираме тоа. Слушавме со години дека вратите се отворени, но слушнавме и дека не можеме да се приклучиме. Тоа е вистина и мора да се признае“, рече Зеленски.

„Ако не можеме да поминеме низ отворената врата, треба да работиме со организации кои можеме, кои ќе ни помогнат, ќе не заштитат… и ќе добиеме некои гаранции“, нагласи Зеленски во видео порака.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси