Зеленски со повик до државите за обнова на Украина

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги покани учесниците на меѓународната конференција за обнова на Украина да се приклучат на националниот план за обнова на таа земја. Во швајцарскиот град Лугано почна дводневна меѓународна конференција за обнова на Украина, која ја отвори украинскиот лидер.

„Пролетта им понудивме на нашите партнери да се приклучат на проектот за обнова на Украина. Уште тогаш беше јасно дека тоа ќе биде најголемиот проект на нашето време: економски, технолошки, национално и што е најважно идеолошки”, рече Зеленски.

Украинскиот лидер изрази благодарност до земјите кои позитивно ги прифатија нивните предлози, да го преземат покровителството на регионите, градовите или индустриите погодени од војната.

„Меѓу другото, тоа ќе создаде милиони нови врски во демократскиот свет, во Европа, меѓу нашите земји, секој град, секоја заедница, секоја обновена индустрија ќе има историски докази за тоа кој помогнал во тоа”, рече украинскиот претседател.

Зеленски изрази благодарност до Данска, која веќе е подготвена да го обнови Миколаев, и до Велика Британија за нејзиниот интерес за обнова на регионот на Киев.

На Украина и се потребни 750 милијарди долари за план во три фази за реконструкција по руската инвазија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал на Меѓународната конференција за обнова на Украина, што почна во Швајцарија.

Шмихал, исто така, рече дека над 100 милијарди долари директна инфраструктурна штета е направена на Украина. Украинскиот премиер рече дека главен извор на финансирање на планот ќе бидат средствата одземени од руските олигарси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Зеленски ги повика лидерите на ЕУ да обезбедат дополнителна помош за Украина

Зеленски ги повика светските лидери да се соочат со Русија за да се зачува редот

Зеленски: Путин треба да биде на обвинителна клупа во Хаг

Горан Наумовски

Зеленски го назначи Залужни за нов амбасадор на неговата земја во Велика Британија

Горан Наумовски