Зеленски смета дека новиот премиер на Украина треба да биде економист без политичко минато

Од:

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, гласаше со својата сопруга на вонредните парламентарни избори.

Зеленски поткако гласаше рече дека новиот премиер на Украина треба да биде професионален економист, а не политичар.

“Тоа можеби нема да им се допадне на некои луѓе кои се обидуваат да влезат во парламентот, бидејќи тие се гледаат на тоа место.Сметам дека овој човек (новиот премиер) треба да биде професионален економист, кој нема политичко минато. Би сакал тоа да биде апсолутно независен човек кој никогаш не бил премиер, претседател на парламентот или претседател на партија “, рече Зеленски.

Тој рече дека веќе консултирал некои луѓе за кандидатурата за функцијата премиер.

Денеска во Украина се одржуваат вонредни парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов