Зеленски: Ситуацијата во Донбас исклучително тешка

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја оквалификува ситуацијата во Донбас како „исклучително тешка“, повторувајќи ја важноста од снабдување со оружје за одбраната на земјата.

„Ситуацијата во Донбас е исклучително тешка. Сите сили што се уште ги има руската армија се однесени таму…сакаат да уништат се“, рече Зеленски.

Тој повтори дека снабдувањето на Украина со тешко оружје е најдобрата инвестиција за одржување на глобалната стабилност во светот и, како што рече, „спречување на многу тешки кризи што Русија има намера да ги испровоцира“.

Претставници на украинската одбрана предупредуваат дека рускиот напад во источна Украина моментално е во најинтензивна фаза и потенцијално може да ја одреди судбината на земјата. Москва одлучи да ја интензивира офанзивата во Донбас во источна Украина, откако ги повлече силите од околината на два големи града, Киев и Харков.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин