Зеленски: „Северен поток 2“ е опасно геополитичко оружје на Кремљ

Од:

Руско-германскиот гасовод „Северен поток 2“ е „опасно геополитичко оружје на Кремљ, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел, која се залага за тој проект.

Гасоводот, кој е во заврна фаза, директно ќе ги поврзе Русија и Германија, одземајќи и на Украина најмалку 1,5 милијарди долари годишно, колку што сега добива за транзит на руски гас преку нејзина територија.

– Ние го доведуваме во прашање овој проект исклучиво во однос на безбедноста и го сметаме за опасно геополитичко оружје на Кремљ. Никој не може да негира дека Украина ќе биде изложена на најголеми ризици поради завршувањето на „Северен поток 2“, рече Зеленски на прес-конференцијата.

Меркел се обиде уште еднаш да го увери Киев, велејќи дека е постигнат договор со САД, кои сакаат да го запрат проектот, како би продолжил под услов дека Москва нема да го искористи за да ја ослаби Украина и под услов да го продолжи договорот за транзит на гас по 2024 година.
Таа потсети дека во петокот во Москва побарала од претседателот Владимир Путин да го продолжи „договорот за транзит на руски гас преку Украина, кој истекува во 2024 година“.

– Се согласуваме со Американците дека гасот не треба да се користи како геополитичко оружје и дека на крајот ќе биде во функција на продолжување на договорот. Колку побрзо тоа се случи, толку подобро, додаде таа.

Меркел рече дека ја разбира „големата загриженост“ на претседателот Зеленски, истакнувајќи дека Берлин има „посебна одговорност“ во врска со тоа.

– Германско-американскиот договор дозволува воведување санкции доколку (гасот) се користи како оружје, рече таа.

Ангела Меркел рече дека овие ветувања ќе бидат „обврзувачки и за идните германски влади“, бидејќи таа се подготвува да замине од функцијата по 16 години на власт.

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира