Зеленски се заблагодари за помошта од САД: Ќе добиеме сè што ни е потребно

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали Претставничкиот дом на САД поради одобрениот пакет помош за Украина од 40 милијарди долари.

Пакетот мора да биде одобрен и од американскиот Сенат, пред да го потпише претседателот Џо Бајден, пишува Би-Би-Си.

Зеленски во обраќањето изјави дека средствата ќе обезбедат оружје, муниција и поддршка за „истрагата за воени злосторства, како и за дипломатските напори“.

Претседателот на Украина му се заблагодари и на Бајден за потпишувањето закон, со што се овозможува брза испорака на опрема во земјата.

– Едноставно кажано, се работи за програма со што ќе добиеме сè што ни е потребно за одбрана, истакна Зеленски.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин