Зеленски: Се уште сум отворен за преговори со Русија, предуслов е враќање на ситуацијата на 23 февруари

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се уште е отворен за преговори со Русија, но го повтори ставот дека Москва мора прво да ги повлече своите сили на позициите пред инвазијата.

Зеленски денеска во видео обраќање во институтот „Чатам Хаус“ во Лондон рече дека предуслов за преговорите е „враќање на ситуацијата на 23 февруари“, ден пред почетокот на руската инвазија.

„Во таа ситуација ќе можеме нормално да почнеме да разговараме за работите“, а Украина би можела да користи „дипломатски канали“ за да ја врати својата територија.

Британската влада, клучен сојузник на Украина, смета дека Русија мора да биде потисната од цела Украина, вклучувајќи го и Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

И покрај засилениот напад на Русија врз источниот регион на Украина, Донбас, Зеленски рече дека се уште има простор за дипломатија.

„Сите мостови се уште не се уништени“, рече тој зборувајќи фигуративно.

На прашањето дали Русија наскоро ќе ја преземе целосната контрола над опколениот Мариупол, Зеленски рече: „Мариупол никогаш нема да падне. Не зборувам за херојство или нешто слично. Нема што да падне таму, градот е веќе уништен“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он