Зеленски: Русија за 19 дена загуби повеќе отколку во двете војни во Чеченија

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до граѓаните истакна дека бранителите продолжуваат да „нанесуваат катастрофални загуби на руските сили“.

Тој додаде дека бројот на соборени хеликоптери во Русија наскоро ќе достигне стотици.

– Тие веќе изгубија 80 борбени авиони, стотици тенкови и илјадници друга опрема. За 19 дена, руската армија во Украина загуби повеќе отколку во двете крвави и долготрајни војни во Чеченија, истакна Зеленски.

Тој додаде дека противникот бил збунет бидејќи не очекувал таков отпор од украинските бранители, додека на руските војници им порача да загинат или да се предадат.

Зеленски, побара воената состојба во земјата да се продолжи за уште 30 дена, почнувајќи од 24 март.Барањето Зеленски синоќа го испрати до Врховната Рада (парламентот), а тоа денеска е објавено на веб-страницата на претседателот на Украина.

Извор:

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“