Зеленски: Русија вештачки ги зголеми цените на гасот уште пред војната

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека е во интерес на Русија да ја шири лагата дека цените на енергијата се зголемени поради војната во Украина, бидејќи тоа ќе создаде замор на Запад за поддршка на неговата земја.

Во видео-обраќањето на Бледскиот стратешки форум, Зеленски рече дека тврдењето за високите цени на енергијата поради војната не е точно бидејќи нивните цени биле вештачки зголемени уште пред руската агресија. Зеленски тврди дека Русите вештачки и намерно ја покачувале цената на енергијата, претходно тајно, но денес тоа го прават отворено.

Зборувајќи за уморот на светот од војната во Украина и нејзините последици, Зеленски рече дека тоа е голем ризик, но дека какви било отстапки кон Москва ќе доведат до нова агресија, која веќе се случи по анексијата на Крим и окупацијата на дел од Донбас.

„Не можете да се уморите да се борите за својот живот, се надевам дека нема да морате да го правите тоа на вашата територија. Украина сега ја игра таа улога“, рече украинскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Русија и Украина ги кажаа условите за преговори откако Трамп објави дека зборувал со Путин

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Украина ќе ја загуби војската доколку ја прекине воената состојба поради избори

Горан Наумовски

Трамп разговараше со Путин за ставање крај на војната во Украина

Зеленски: Путин го зголемува бројот на војници и се подготвува да ја продолжи војната

Зеленски: Важно е да се сретнам со Трамп пред тој да се сретне со Путин

Зеленски: Подготвен сум за договор со САД за ретките метали