Зеленски разговарал со Шолц за „одбранбена помош“

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа соопшти дека разговарал со германскиот канцелар Олаф Шолц за одбранбена помош, соработката во енергетскиот сектор и зајакнување на санкциите против Русија.

– Ние сме благодарни за дијалогот на високо ниво со Германија и поддршката за нашата борба, напиша Зеленски на Твитер.

Тој претходно нагласи и дека руската агресија кон неговата земја би била спречена доколку Украина била членка на НАТО.

– Ако Украина беше дел од НАТО пред војната, немаше да има војна, им рече тој на студентите од Институтот за политички студии во Париз, говорејќи преку видео врска.

Зеленски, исто така, рече дека неговата земја е „подготвена“ да води преговори „додека не биде доцна“, јави Си-Ен-Ен.

Портпаролот на германската влада изјави дека Шолц нагласил дека Русија треба „веднаш да го прекине конфликтот во Украина, да ги повлече војниците и да го врати територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“.

– Канцеларот и претседателот на Украина разменија мислења и за многу конкретни, практични начини за продолжување на поддршката на Украина и се согласија да останат во близок контакт, се вели во соопштението на портпаролот на германската влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски