Зеленски по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на жртвите од холокаустот: Рамнодушноста и омразата се уште убиваат луѓе

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот истакна дека „рамнодушноста и омразата“ сè уште убиваат луѓе, алудирајќи на руската инвазија врз неговата земја.

– Денеска, како и секој пат, Украина се сеќава на милионите жртви на холокаустот. Знаеме дека рамнодушноста и омразата убиваат. Рамнодушноста и омразата заедно создаваат зло, истакна Зеленски.

Тој повика „земјите во светот да ја надминат рамнодушноста за да има помалку простор за омраза“.

Зеленски во видеообраќањето не ги именуваше Русија и руската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британец ослободен од затвор се вратил да се бори на страната на руската армија, неговиот татко „згрозен“

Предраг Петровиќ

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам