Зеленски пристигна во Полска

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во посета на Полска. Ова го потврди советникот на полскиот претседател Анджеј Дуда.

„Посетата ќе се одржи на покана на претседателот Анджеј Дуда. Ќе има долга и широка дискусија, не само за безбедносните прашања, туку и за економската и политичката поддршка. Тоа е официјална посета“, изјави претходно советникот на полскиот претседател Марчин Пжидач за радио РМФ.

Тој додаде дека Зеленски на главниот плоштад во Варшава ќе се сретне со Украинците кои побегнаа во Полска од војната. Зеленски последен пат се сретна со полскиот колега во декември минатата година за време на неговото патување во САД.

Полска е соседна земја со Украина, а двете земји имаат длабоки историски врски. Многу Украинци побегнаа од руската инвазија минатата година, а голем дел бараа безбедност во Полска.

Би можело да ве интересира

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина