Зеленски предупредува на опасност од нова нуклеарна катастрофа слична на таа во Чернобил

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупреди меѓународната заедница на опасност од нова нуклеарна катастрофа, слична на таа во Чернобил од 1986 година, јави ДПА.

– Русија е терористичка држава, што ја држи во заложништво нуклеарната централа Запорожје и ја користи за уцена, истакна тој преку видеообраќање на отворање на донаторска конференција за Украина во Копенхаген.

Како што тој додаде, „Русија денес е уште поцинична и поопасна од Советскиот сојуз, кој тогаш се обиде да ја скрие нуклеарната катастрофа во Чернобил“.

Според него, Европа треба да се заштити од „оваа закана“.

– Нуклеарната централа Запорожје не е само најголемата во Европа, туку и трета по големина во светот. Одговорот на дејствата на Русија треба да биде сеопфатен, смета Зеленски.

Тој нагласи дека Украина има потреба од максимално оружје и муниција, со цел да се одбрани.

– Никому не му требаат нови катастрофи, подвлече украинскиот претседател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски