Зеленски потпиша декрет со кој Чернобил ќе стане туристичка дестинација

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша декрет со кој се укинуваат претходните забрани за посета на чернобилската „зона на исклучување“ околу местото на катастрофата на нуклеарниот реактор во 1986 година и ќе се создаде „зелен коридор“ за туристите.

– Треба да го покажеме Чернобил на светот: на научниците, експертите за животна средина, историчарите и туристите, рече Зеленски.

Тој додаде дека денеска потпишал декрет „кој ќе го отвори процесот за трансформирање на зоната на исклучување во една од новите точки на раст во Украина“.

– Пред се, ние ќе создадеме зелен коридор за туристите и ќе ги отстраниме предусловите за корупција, истакна Зеленски.

Според него, Чернобил, кој стана изненадувачки популарна туристичка дестинација, е голем извор на корупција.

Зеленски вети дека Чернобил наскоро ќе стане научно и туристичко место, кое ќе биде „симбол на новата слобода во Украина – без корупција и ноторни забрани, но со инвестиции и иднина“.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он