Зеленски од членките на НАТО побара поголема финансиска и помош во оружје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од лидерите на земјите-членки на НАТО финансиска и помош во оружје за да и помогнат на неговата земја да се спротивстави на Русија, која, како што рече, сака да го диктира светскиот поредок.

dobivaj vesti na viber

Обраќајќи им се на лидерите на земјите од НАТО собрани во Мадрид, Зеленски ја истакна потребата од модерни артилериски системи. – За да ја прекинеме доминацијата на руската артилерија, што е значајна предност, ни треба поголем број од овие модерни системи, модерна артилерија, рече Зеленски. Тој додаде дека на Украина и се потребни околу пет милијарди долари месечно за одбрана. Зеленски истакна дека Русија не ја започна војната само за да ја освои Украина, туку „да ги диктира условите во Европа и да го диктира идниот светски поредок“.

Украинскиот претседател предупреди дека следната година ситуацијата може да биде уште полоша, и тоа не само за Украина доколку неговата земја не добие соодветна помош. Тој нагласи дека Русија не сака да застане на освојување на јужна Украина или Донбас, туку сака да оди понатаму. – Таа сака да апсорбира град по град во Европа, во земји кои Русија ги смета за нејзина сопственост, а не независни држави. Прашањето е кој е следниот – Молдавија, балтичките земји, Полска?, истакна украинскиот претседател.

Тој додаде дека финансиската поддршка „не e помалку важна од помошта со оружје“.

– Русија сè уште добива милијарди секој ден и ги троши на војнаta. Имаме дефицит од повеќе милијарди долари, немаме нафта и гас за да го покриеме, рече Зеленски, додавајќи дека на Украина.

Тој, исто така, повика на санкции кон Русија „што ќе ја запрат нејзината способност да плаќа за војната“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија не прифаќа демилитаризација околу нуклеарката Запорожје, вели претставникот во ОН

А1он

Резников: Во Украина пристигнаa ракетни фрлачи од Велика Британија

А1он

Русите подготвуваат измама за Зеленски, соопшти украинската разузнавачка служба

А1он

Валас: Малку е веројатно дека Путин ќе успее да ја окупира Украина

Финансиска помош од 1,5 милијарди евра за Украина најавени на донаторска конференција

Горан Наумовски

Руски извори: Повторно бомбардирање на областа околу електраната Запорожје во Украина