Зеленски: Новиот напад на Русија е обид да се тероризираат цивилите

Од:

Претседателот на Украина Владимир Зеленски оцени дека вечерашниот масовен ракетен напад на Русија врз Украина е обид за тероризирање на цивилното население.

„Непријателот истрела 81 ракета, обидувајќи се повторно да ги заплаши Украинците, враќајќи се на нивната тактика. Окупаторите можат само да ги тероризираат мирните луѓе. Тоа е се што можам да направам. Но, тоа нема да им помогне“, напиша Зеленски утрово на каналот Телеграм.

Претседателот на Украина истакна дека не може да се избегне одговорност за се што е направено, пренесува Интерфакс Украина.

Тој наведе дека нападите биле извршени во регионите Киев, Кировохрад, Днепропетровск, Одеса, Харков, Запорожје, Лавов, Ивано-Франковск, Житомир и Виница и дека целта биле критичната инфраструктура и станбените згради.

Зеленски напиша дека, за жал, има загинати и повредени и изрази сочувство до семејствата на жртвите. Тој посочи дека сите служби работат и дека продолжува реставрацијата на електроенергетскиот систем.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Британија: Русија сè уште не почнала сериозно да војува во Украина

Русија уништи неколку беспилотни летала кои се упатија кон нафтена рафинерија, соопштија властите

Горан Наумовски

Русите синоќа со дронови масовно го нападнаа Киев, едно лице загина

(ВИДЕО) Украина ќе добие моќно оружје: Може да уништи бункери длабоко под земја

Горан Наумовски

Руските воени сили уништија две ракети од типот Storm Shadow

Украина ја призна својата улога во нападот на Кримскиот мост

Горан Наумовски