Зеленски: Макрон го поддржува новиот самит на Нормандиската четворка

Од:

Украинскиот претседател Володомир Зеленски синоќа изјави дека разговарал со својот француски колега Емануел Макрон, кој ја поддржал неговата иницијатива за обновување на преговорите на квартетот земји: Франција, Германија, Украина и Русија, во врска со конфликтот во Донбас, во источна Украина.

Како што пренесуваат британските медиуми, Киев инсистира на нова рунда разговори на таканарчениот „Нормандиски формат“ за да се обидат да најдат решение за конфликтот во Донбас.

Зелински претходно вчера имаше телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин во врска со загинувањето на четворицата украински војници во регионот на Донбас и го повика Путин да изврши влијание врз сепаратистите во таа област.

Судирите во Донбас почнаа во 2014 година, а договорот за примирје беше постигнат една година подоцна, иако повремено доаѓа до помали судири.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот