Зеленски ќе учествува на Самитот на Г20

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе учествува на Самитот на Групата 20 индустриски развиени земји, но најверојатно виртуелно ќе се обрати, изјави денеска неговиот портпарол Серхиј Никифоров.

Зеленски минатата недела изјави дека нема да учествува на Самитот на Г20 доколку присуствува рускиот претседател Владимир Путин.

Самитот на Г20 ќе се одржи на 15 и 16 ноември на Бали.

Претседателот на Индонезија, Џоко Видодо денеска изјави дека „доколку дозволи ситуацијата“ Путин ќе учествува на Самитот на Г20.

– Но, ако не успее да дојде, можеби виртуелно ќе ни се придружи, истакна на Видодо, кој претседава со овогодишниот Самит на Г20 на Бали.

Индонезија како домаќин на Г20 се спротивстави на притисокот од западните земји и Украина да ја повлече поканата до Путин, наведувајќи дека нема овластување да го направи тоа без консензус меѓу членките.

Видодо во интервју за „Фајненшл тајмс“ истакна дека Русија е добредојдена на Самитот.

– Г20 не е наменет да биде политички форум. Замислен е да се занимава со економија и развој, посочи Видодо.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира