Зеленски ја прифати поканата на Шолц да присуствува на Самитот на Г-7

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ја прифати поканата на германскиот канцелар Олаф Шолц да учествува на идниот Самит на Г-17, што ќе се одржи кон крајот на месецот во Баварија.

– Му благодарам на Зеленски што ја прифати мојата покана да присуствува на Самитот на Г-7, напиша Шолц на Твитер.

Самитот на Г-7 ќе се одржи од 26 до 28 јуни во комплексот дворци Елма, јужна Германија.

Шолц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги денеска се во посета на Киев, со цел да изразат поддршка од Европската Унија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната

Зеленски: Се надевам дека наскоро ќе го одредиме датумот на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски: 300.000 не е конечниот број војници што Русија може да ги мобилизира