Зеленски ја поздрави пресудата на холандскиот суд за соборениот малезиски авион

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави денешната одлука на холандскиот суд за соборениот малезиски патнички авион во неговата земја во 2014 година, јавија западните медиуми.

Зеленски на Твитер одлуката на судот ја нарече „важна“, но нагласи дека на оние кои го наредиле нападот сега мора да им се суди.

„Затоа што чувството на неказнивост води до нови злосторства“, напиша тој на социјалната мрежа.

Украинскиот претседател увери дека „казната за сите руски злосторства, и сегашни и минати, ќе биде неизбежна“.

„Мора да има крај на оваа илузија дека меѓународната правда нема да ги пронајде и осуди одговорните за злосторствата во сегашната војна со Русија“, повика украинскиот претседател на Твитер.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“