Зеленски ја посети линијата на фронтот пред да оди на средба со Путин во Париз

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети линијата на фронот на истокот од земјата, на само неколку дена пред самитот на „Норманидската четворка“ за Украина на која ќе се сретне и со рускиот претседател Владимир Путин.

-Верувајте ми, полесно е да се преговара кога ќе се почуствува вашата сила и поддршка, рече Зеленски пред војниците на локации во близина на линијата на фронтот.

Украинскиот претседател во маскирна униформа пред новинарите одликува војници, а потоа замина во посета на војниците на првата линија на фронтот.

Зеленски и Путин во понеделник во Париз ќе се состанат со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел со цел да заживеат мировните преговори за истокот на Украина каде тамошните безбедносни сили се борат против проруските сепаратисти .

На средбата не се предвидува никакво придвижување на работите, но на самиот собир се гледа со оптимизам по трите години застој во преговорите на највисоко ниво.

На истокот од Украина за повеќе до пет години војување досега загинаа повеќе од 13.000 лица.

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот