Зеленски им се обрати на светските лидери во во Давос и побара „максимални санкции“ за Русија

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска им се обрати на светските лидери собрани во Давос, Швајцарија, на Светскиот економски форум (СЕФ). Тој го почна говорот барајќи од учесниците да ја разгледаат важноста на темата на овогодинешниот СЕФ – историјата на пресвртна точка.

„Оваа година темата е повеќе од реторичка. Таа ја означува тековната војна“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека светот не смее да дозволи да биде управуван со брутална сила, предупредувајќи на руските воени злосторства извршени во Украина.

Зеленски рече дека Украина направи преседан во последните неколку месеци и покажа „до каде една земја е подготвена да оди во борбата за својата слобода“.

„Само тоа ќе ја спречи Русија или која било друга земја да води војна против нејзините соседи. Во моментов такви санкции не се воведени“, рече Зеленски.

Тој побара:

Целосна забрана за увоз на руска нафта

Исфрлање на сите банки од глобалните финансиски трансакции

Престанок на трговијата со Русија

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци