Зеленски им ги одзеде државјанствата на поранешни политичари: Ја чистиме земјата од руското влијание

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им го одзеде државјанството на неколку поранешни влијателни политичари во последниот чекор за „прочистување“ на земјата од проруски влијанија.

„Ги потпишав соодветните документи за да направам уште еден чекор во заштитата и чистењето на нашата земја од оние кои се на страната на агресорите“, рече Зеленски за време на ноќното видео обраќање.

Зеленски не сакаше да ги именува, но рече дека имаат двојно руско државјанство.

Според украинските државни медиуми, на списокот има неколку водечки политичари од кабинетот на Виктор Јанукович, кој беше проруски претседател на Украина од 2010 година до неговото отстранување од функцијата во 2014 година.

На списокот се Дмтро Табачник, поранешен министер за образование и наука, Андреј Кјујев, поранешен вицепремиер и шеф на администрацијата на Јанукович и Виталиј Закарченко, поранешен министер за внатрешни работи, објави новинската агенција РБЦ-Украина.

Украина им го укина украинското државјанство на голем број луѓе и санкционираше стотици руски и белоруски поединци и компании од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци