Зеленски го повика Западот да забрани влез на Руси на една година

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија.

Во интервју за Вашингтон пост, Зеленски рече дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја“. Тој додаде дека „Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија“.

Зеленски смета дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата.

Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на „целото население на Русија“.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во делови од регионите Керсон и Запорожје на истокот и југот на Украина, заедно со веќе закажаните регионални избори.

Зеленски во неделата предупреди дека ако Москва продолжи да одржува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

Зеленски го потпиша буџетот за 2025-та со 60 проценти од трошоците за одбрана и безбедност

А1он

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски