Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска потпиша закон со кој одбележувањето на Денот на победата ќе се премести од 9 мај на 8 мај, објавено е на веб-страницата на украинскиот парламент.
Во информацијата за предлог-законот на веб-страницата на украинскиот парламент, беше наведено дека е вратен, но со потпис на претседателот на 12 јуни, пренесе Тас.
Украина на 9 мај ја прослави победата над нацистите во Втората светска војна, а на 8 мај Киев го слави Денот на сеќавањето и помирувањето.
Овие измени беа одобрени од украинската Врховна Рада во 2015 година, како дел од спроведувањето на декомунизацијата, односно отстранувањето на елементите од поранешниот комунистички систем во поранешните советски републики.