Зеленски го покани Путин на средба во Донбас

Од:

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски преку видео порака го покани рускиот претседателВладимир Путин да се сретнат каде било во Донбас.

Тој изјави дека на состанокот на политичките советници на „норманската четворка“на 19 април предложена е средба Зеленски – Путин.

– Подготвен сум да одам понатаму и да Ве поканам да се сретнеме во кој било дел од украинскиот Донбас, каде што се води војната, посочи Зеленски.

Тој наведе дека Украина е подготвена да се бори за мир преку дипломатијата и во исто време се подготвува да се одбрани.

– Што се случува денес? Голем број руски трупи се концентрирани во близина на нашите државни граници. Официјално, Русија ја нарекува оваа воена вежба. Неофицијално, целиот свет ги нарекува уцени ваквите работи. Дали се грижиме? Да. Дали Украина и нејзините меѓународни партнери бараат војниците се повлечат од нашите граници? Да. Затоа што Русија постојано повторува дека сака мир, но во исто време ги создава сите предуслови за ескалација. Дали е тоа логично? Не. Дали е неочекувано? Не. Дали тоа значи дека ескалацијата е неизбежна? Дали Украина сака војна? Не. Дали е подготвена за тоа? Да. Дали Украина ќе престане да се бори за мир преку дипломатија? Никогаш, истакна Зеленски.

Тој додаде дека Украина секогаш ќе се брани.

– Дали Украина ќе се брани ако нешто се случи? Секогаш. Нашиот принцип е едноставен – Украина не ја започнува војната прва, но секогаш се бори до крај, нагласи Зеленски.

Западните земји неодамна изразија загриженост за наводното интензивирање на руските „агресивните акции“ во Украина, додека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков истакна дека прераспоредувањето на руските трупи не е закана кон никого.

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија