Зеленски го обвини Берлин дека го спречил Киев да набави одбранбено оружје

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Германија дека ја блокираше испораката на одбранбено оружје за Киев, во пикот на тензиите со Москва во врска со обвинувањата дека и подготвува инвазија во јануари.

„Германија неодамна нè спречи да примаме пратки со системи за борба против дронови и снајпери, што се исклучиво одбранбени системи, како дел од соработката на НАТО“, рече Зеленски во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“.

Зеленски во интервјуто кажува дека „секоја демократска држава која се штити од агресија мора да има право да набавува одбранбено оружје. Но, во одредени престолнини стравот доминира“.

Соочен со руската „агресивност“, Киев во ноември посочи дека сака дополнително да набави одбранбено оружје од Западот.

Источна Украина од 2014 година е сцената на крвава војна со проруските сепаратисти. Конфликтот, што досега однесе повеќе од 13.000 животи, почна по руската анексија на полуостровот Крим.

Тензиите ескалираа во последните недели, при што Западот го обвини Кремљ дека планира инвазија на Украина и упорно испраќа предупредувања до Русија.

Би можело да ве интересира

Русија изврши уште еден голем напад на енергетската инфраструктура низ Украина

Горан Наумовски

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски