Зеленски: Германија се покажа како вистински пријател

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски се заблагодари на Германија за поддршката по средбата со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, како дел од неговата прва посета на земјата од почетокот на руската инвазија. Зеленски допатува во Берлин од Рим, каде во саботата се сретна со италијанските власти и со папата Франциско.

Папата посочи дека Ватикан ќе помогне во репатријацијата на украинските деца кои беа земени од Русите.

Украинскиот претседател пристигна во Германија среде ноќ со авион на германската влада, а во воздушниот простор на земјата го придружуваа борбени авиони на германското воено воздухопловство.

„Во најпредизвикувачкиот период во модерната историја на Украина, Германија покажа дека е наш вистински пријател и сигурен сојузник кој е одлучно со украинскиот народ во борбата за одбрана на слободата и демократските вредности. Заедно ќе победиме и ќе го вратиме мирот во Европа“, напиша Зеленски во книгата гости на германското претседателство.

Се очекува Зеленски подоцна да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и неговиот кабинет за безбедност пред да отпатува во западниот град Ахен за да ја прими престижната награда Карло Велики за неговиот придонес во Европа.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина