Зеленски: Доколку Западот го остави Киев на цедило, ќе ја создадеме најмоќната армија во Европа

Од:

Украина ќе биде принудена да ја создаде најмоќната армија во Европа доколку Западот го напушти Киев сам да ги решава прашањата поврзани со ситуацијата во Донбас, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски во интервју за странските медиуми.

-Секој треба да разбере дека било која друга земја може да биде на наше место. Доколку Украина го реши овој глобален проблем самостојно, нема да имаме друг излез освен да се претвориме во многу силна, најмоќна армија во Европа, во однос на опремата и војската. Едноставно, ќе потрошиме се што имаме на тоа – многу човечки потенцијал, многу талентирани луѓе, рече Зеленски.

Руските медиуми наведуваат дека на овој начин Зеленски одговори на прашањето на новинарите што може да се стори за да се принуди Западот да и помогне на Украина да ги врати териториите што сега не се под нејзина контрола.

Украинскиот претседател повтори дека проблемот во источна Украина е „проблем на цела Европа“.

-Западните земји мора да разберат дека војната во Украина, на границата или на привремено окупираните територии, е првиот сигнал за тоа каде таа може да избувне утре и на чија граница. Тоа е војна во Европа, но умираат Украинци, рече Зеленски.

Би можело да ве интересира

Американската војска започна заеднички вежби со армиите на Украина, Полска и Литванија

Жарко Настоски

ВИДЕО: Циклонот сега беснее низ Украина, киевското метро се наполни со вода

Жарко Настоски

Украинскиот министер Таран во Врховната рада доби неколку чифта женски чевли со високи потпетици

Ана Ололовска

Десетгодишно девојче во Украина почина од старост

Ана Ололовска

Членовите на украинската влада одржаа седница облечени во дресот на фудбалската репрезентација

Жарко Настоски

Русите и Американците не се договараат зад наш грб, вели шефот на украинската дипломатија

Жарко Настоски