Зеленски до Русите: Замислете 14.000 трупови на московскиот стадион

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утрово одговори на појавувањето на рускиот лидер Владимир Путин на стадионот во Москва со мрачна порака.

Зеленски зборуваше еден ден откако Путин ја пофали „специјалната воена операција“ во Украина како „херојска“ мисија на руската војска за време на патриотскиот митинг на стадионот Лужники во Москва пред десетици илјади Руси.

Сто илјади луѓе пред стадионот, заедно со 95.000 во самата арена, одговараат приближно на бројот на руски војници кои влегле во Украина, рече Зеленски во видео пораката утрово.

„И сега замислете 14.000 трупови на овој стадион, заедно со уште десетици илјади ранети и осакатени“, рече тој, мислејќи на украинските проценки за руските загуби од почетокот на војната.

Зеленски уште еднаш повика на итен прекин на конфликтот.

„Војната мора да заврши, предлозите на Украина се на маса“, изјави тој за украинскиот весник „Јустис“.

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович денеска изјави дека имало борби меѓу руските и украинските сили на аеродромот Чернобаевка во близина на Херсон на југот на Украина.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ