Зеленски: Ако нè нападне Русија, подготвен сум за војна

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека е подготвен да војува во случај на напади врз Украина од полуостровот Крим, кој Москва го анектираше од својот сосед во 2014 година.

Тој во интервју за украинскиот весник „Фокус“ истакна дека во таков случај, за Украина ќе се борат и мажи и жени.

– Тоа е ужасна ситуација, не сакам ниту да ја замислам. Јас сум против неа. Во спротивно ќе биде голема војна. Никаде не одиме, сите ќе се бориме, и мажите и жените ќе бидат повикани во воена служба, нагласи Зеленски.

Ситуацијата би била многу тешка за Украинците, a мислам дека Русите ова многу добро го разбираат, додадек украинскиот претседател, кој рече дека краткорочната цел на Украина во односите со Русија е да се постигне мирољубива коегзистенција.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев