Заврши воената вежба на Украина и НАТО во Црното Море

Од:

Денеска заврши воената вежба на Украина и НАТО во Црното Море, во која учествуваа десетици воени бродови и авиони.

Двонеделната вежба требаше да ги покаже силните одбранбени врски меѓу Украина и НАТО по инцидентот во јуни меѓу руската армија и британскиот разурнувач во близина на Крим, украинскиот полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.

Околу 30 воени бродови и 40 авиони на НАТО и украински членки беа дел од вежбата „Морски ветар 2021“.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека внимателно ја следи вежбата.

Во исто време, руската армија спроведе паралелни вежби во Црното Море и во југозападниот дел на Русија.

Москва во јуни соопшти дека еден од нејзините воени бродови испукал предупредувачки истрели кон британски разорувач во Црното Море со цел да се оддалечи од областа близу Крим, која Русија ја смета за свои територијални води.

Би можело да ве интересира

Лаури: Целта на естонската дигитална трансформација не беше членството во ЕУ и НАТО, туку подобри јавни услуги и подобра инфраструктура

А1он

Во Украина почнаа воени вежби со земјите на НАТО

А1он

Македонското знаме поставено во холот на НАТО во Пентагон

Мери Јордановска

Николиќ – Џерард: Македонија е кредибилен сојузник во Алијансата

А1он

Османи: Како што успеавме со НАТО, ќе успееме и со ЕУ

А1он

Адмирал Бурк по средбата со Шекеринска: Имавме многу продуктивни разговори, благодарност за учеството во КФОР

А1он