Заврши самитот во Кабул: Авганистанците повикаа за прекин на огнот, талибанците не прифатија

Од:

Со повик за мир со талибанците и ветување дека ќе бидат ослободени 175 талибански заробеници пред Рамазан, денеска заврши Генералното собрание во Авганистан, што го свика претседателот Ашраф Гани.

Повеќе од три илјади делегати од сите делови на Авганистан се собраа во Кабул на седница на Генералното собрание, со цел да се постигне мировен договор помеѓу централните власти и талибанците.

Генералното собрание „Лоја Џирга“ се одвиваше под силни безбедносни мерки, во голем шатор во кој околу 3.200 верски лидери, политичари и претставници на етнички и племенски заедници разговараа за можен договор.

– Сакам да им порачам на талибанците дека изборот сега е во нивни раце, рече Гани на церемонијата на затворање во Кабул и додаде дека сега на нив е редот да покажат што сакаат да направат.

Гани рече дека пораката од петдневниот собир е јасна – Авганистанците сакаат мир и понудија прекин на огнот, иако тој истакна дека тоа нема да биде еднострано.

Во соопштение што денеска е објавено, талибанците ги отфрлија предлозите за прекин на огнот, истакнувајќи дека прво мора да се повлечат САД и НАТО од земјата.

Тие најавија дека ќе продолжат да напаѓаат и за време на Рамазан, но и дека борците се многу претпазливи кон цивилите за време на која било операција.

Талибанците, кои настојуваат повторно да воспостават строги шеријатски закони, одбиваат да разговараат со Владата на претседателот Ашраф Гани, бидејќи го сметаат за американска марионета и поради тоа ја одбија поканата на „Лоја Џирга“.

Од октомври минатата година, САД и Талибанците одржаа неколку рунди преговори.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ја прекине најдолгата американска војна што започна кога силите предводени од САД ги соборија талибанците по нападите на САД на 11 септември 2001 година.

САД сакаат да се повлечат од Авганистан, но за возврат бараат од талибанците да гарантираат дека земјата повеќе нема да користи екстремисти кои би ја загрозувале безбедноста во светот.

На седницата на Генералното собрание учествуваа и неколку десетици жени, кои истакнаа дека Авганистан никако не смее да направи чекор назад во однос на правата на жените стекнати по соборувањето на талибанците.

– Повлекувањето на странските сили не треба во никој случај да значи дека ќе заборавиме сè што е направено за правата на жените и дека ќе мора повторно да страдаме, рече Семин Нури, која предводи еден од одборите.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди Авганистан

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов