Заврши гласање за доверба, Борис Џонсон останува на чело на Конзервативната партија

Од:

Пратениците од британската Конзервативна партија денеска изгласаа доверба за нивниот лидер Борис Џонсон, јави Би-Би-Си.

Вкупно 211 пратеници гласаа Џонсон да остане на чело на партијата. Против беа 148 пратеници.

За заминувањето на Џонсон беа потребни гласовите на мнозинството пратеници од конзервативците, 180. Доколку тоа се случеше, ќе следуваа избори за ново партиско раководство, а тоа ќе значеше и смена од премиерската функција.

Би-Би-Си, повикувајќи се на свои извори јави дека пред гласањето, Џонсон им се обратил на пратениците од Конзервативната партија и им ветил дека „повторно ќе ги води до победа“ и предупредил да не влегуваат во „бесмислена братоубиствена дебата“ за иднината на Конзервативната партија.

Тој, исто така, ги повикал пратениците „да одбијат да ги задоволат нашите противници со тоа што самите ќе се предадат“. Висок партиски извор рече дека премиерот добил голем аплауз кога рекол дека не треба да „танцуваат како што свират медиумите“.

Добивањето на денешната поддршка значи и дека тој не може да се соочи со уште едно гласање за доверба најмалку една година.

Џонсон, премиер од 2019 година, е под зголемен притисок по извештаите за алкохолизирани прослави од страна на политичкиот врв во време кога остатокот од Британија беше под рестриктивни мерки, наметнати поради пандемијата на Ковид-19. Џонсон беше парично казнет поради прославата на неговиот роденден за време на пандемијата.

Голем број конзервативци претходно изразија загриженост за тоа дали 57-годишниот Џонсон го загубил авторитетот за да управува со земјата, на која и се заканува рецесија, раст на цените на храната и горивото и штрајкови во Лондон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он