Завојуваните страни во Јемен договорија прекин на огнот

Од:

Меѓународно признатата влада во Јемен и сепаратистите од јужните делови на земјата, Хутите, се согласија на прекин на огнот, откако борбите ескалираа во архипелагот Сокотра, информира денеска меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија.

„Двете страни се согласија на барањето да прекинат со борбите, на деескалација и да се одржи состанок во Кралството за забрзување на  имплементацијата на договорот од Ријад,“ изјави портпаролот на коалицијата, Турчи ал-Малки во изјавата што ја пренесе официјалната Саудиска агенција за печат.

„Коалицијата жали за последните случувања во голем број јужни провинции и ги повикува партиите да му дадат приоритет на националниот интерес на Јемен … и да престанат со крварењето, рече ал-Малки,“ пренесе ДПА.

Приврзаниците на самопрогласениот Јужен преоден совет (СТЦ), што бара независност на Јужен Јемен од северот, во саботата ја презедоа контролата врз сите владини објекти во Хадибох, главниот град на Сокотра, по борбите против тамошните владини сили.

Владата поддржана од Саудијците и СТЦ во ноември во Ријад потпишаа договор за поделба на власта, неколку месеци откако сепаратистите ја презедоа контролата врз Аден.

Тензиите повторно се зголемија од април, кога СПЦ еднострано прогласи самоуправа во областите под нејзина контрола во воено уништениот Јемен.

Јеменската Влада претходно ги обвини Обединетите Арапски Емирати дека го поддржуваат СПЦ во нејзиниот притисок за независност. Обединетите Арапски Емирати, од друга страна, се голем партнер во Алијансата предводена од Саудиска Арабија против Хутите.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Кличко повторно жестоко го критикуваше Зеленски: „Војната е изговор за централизација на Украина“

А1он

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен