Затворениот ирански режисер Џафар Панахи почна штрајк со глад

Од:

Иранскиот режисер Џафар Панахи, кој е во затвор веќе шест месеци, изјави дека почнал штрајк со глад во знак на протест поради условите во затворот, се вели во денешното известување од неговата сопруга.

„Денес, како и многу луѓе заробени во Иран, немам друг избор освен да протестирам против нечовечниот однос кон нешто што е највредно за мене – мојот живот. Ќе одбивам да јадам и пијам и да пијам лекови додека не бидам ослободен. Ќе останам во оваа состојба додека, можеби, моето безживотно тело не биде пуштено од затвор“, вели режисерот во соопштението.

Панахи (63), чии филмови освојуваа награди на повеќе европски филмски фестивали, беше уапсен во јули – пред бранот протести што ја потресуваат земјата од септември лани. Иако се надеваше дека ќе биде ослободен минатиот месец, тој сѐ уште се наоѓа во затворот Евин во Техеран. Тој со штрајк со глад почнал завчера, на 1 февруари.

Пахани го доби „Златниот лав“ на Мостра во Венеција во 2000 година за филмот „Круг“, во 2015. освои „Златна мечка“ во Берлин за „Такси Техеран“ и во 2018. ја доби наградата за најдобро сценарио за „Три лица“. на фестивалот во Кан.

„Се солидаризираме со Иранците кои се борат за своите права, го осудуваме неговото апсење и повикуваме на ослободување“, објави Берлинскиот филмски фестивал на Твитер.

И здруженијата на филмски работници во Франција, го поддржаа Панахи застанувајќи против „неговото прогонство од иранските репресивни и слободоубиствени власти“. Канскиот филмски фестивал соопшти дека „ја потврдува својата целосна поддршка за (Панахи)“, како и многу уметници, фестивали и организации ширум светот.

Последниот филм на Панахи, драмата „Нема мечки“ (Khers nist), каде што, како и повеќето негови дела, глуми и самиот режисер, беше прикажан на Филмскиот фестивал во Венеција во 2022 година, кога режисерот веќе беше зад решетки. Остварувањето доби специјална награда од жирито.

Апсењето на Панахи во јули уследи откако тој присуствуваше на судско рочиште за колегата режисер, Мохамед Расулоф, кој беше приведен неколку дена претходно.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел